Скандал во Србија: 30 кошаркари местеле натпревари, ФИБА покрена истрага

Српската кошарка ја тресе еден од најголемите скандали во историјата. Дури 30 српски кошаркари се под истрага за наместени натпревари во кошаркарската лига на Србија, објави Курир.рс

Кошаркарската лига на Србија (КЛС) излезе со соопштение со кое го потврдува случајот и ја информира јавноста дека спроведува истрага во соработка со Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

– Ја информираме јавноста дека КЛС активно соработува со ФИБА со цел што поскоро да се реши дисциплинската постапка и дополнително да се обезбеди интегритет на натпреварувањето. Со оглед на тоа што дисциплинската постапка се уште е во тек, КЛС во овој момент не може да даде детали кои натпревари и кои играчи учествувале во манипулативните дејствија, информираа од Кошаркарската лига на Србија.

ФИБА брзо реагирала по пријавата од КЛС и ги забранила сите активности на пазарот за сите играчи кои се под истрага. Тие нема да може да потпише за ниту еден клуб додека не заврши истрагата.

Според српските медиуми, некои играчи се обиделе да го сменат клубот во овој преоден рок, но трансферот им бил стопиран од ФИБА, која не им го издала потребниот документ за менување клубови.

Треба да знаете
Последни објави