„Тој е похрабар од Курти“, рече Вучиќ откако косовската полиција го малтретирала неговиот син

Косовската полиција го запрела синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило и го натерала да ја соблече маицата со „антикосовски натписи“, објави РТВ Дукаѓини. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека косовската полиција три пати го запрела и го претресла автомобилот во кој бил неговиот син Данило Вучиќ.

„Мојот Данило е похрабар од Курти. Му честитам на косовскиот премиер за неговата храброст. Кога праќа луѓе да се изживуваат со туѓи деца, тоа и е во ред“, рекол Вучиќ.

Данило, синот на претседателот на Србија бил на Косово за да го помине големиот српски празник Видовдан во Грачаница со своите сонародници.

Треба да знаете
Последни објави