Претрес во Тетово, пронајдена муниција, приведено едно лице

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28.06.2023) околу 17.00 часот го лишиле од слобода 57-годишниот тетовец Д.К..
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, му биле пронајдени и одземени: 67 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловечка пушка и 6 други куршуми од различен калибар.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.

Треба да знаете
Последни објави