Aргентинскиот стратег Херардо Тата Мартино ќе биде нов тренер на Интер Мајами во МЛС – лигата.
По ангажманот на најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси, раководството одлучи да го доведе Тата Мартино на клупата, кој е еден од стручњаците кои тој најмногу ги респектира во кариерата.
Ова ќе биде трета соработка на Мартино и на Меси, откако претходно работеа заедно и во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина.