Трофејниот српски тренер на новата обиколница кај Белград влегол во контра смер и предизвикал сообраќајна несреќа

На новата обиколница кај Белград која за сообраќај беше пуштена денеска, веднаш се случи несреќа во која учествувал трофејниот српски фудбалски тренер Љупко Петровиќ, кој со Црвена звезад во 1991 година ја освои титулата европски клупски првак. Петровиќ (76 г.) како пренесуваат медиумите во Србија со својот автомобил „мерцедес Б180“ возел во спротивен правец по новата сообраќајница и речиси дирекно се судрил со „шевролет“ управуван од Ж.К. (63 г.).

Алко-тестото направен на двајцата возачи покажал 0,00 промили алкохол. Полицијата се пуштила во потера по автомобилот кој се вклучил во контра смер на новата обиколница, но нестасала да го запре, бидејќи набрзо се случила сообраќајната несреќа, која за среќа минала без потешки последици за учесниците во незгодата.

Треба да знаете
Последни објави