Уставните измени треба да се поддржат, нема да се намалат правата на другите нации во Македонија

Говорејќи на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил, новинарот и медиа директор во „Слободен печат“, Мирослав Јовановиќ кажа дека треба да се поддржи процесот на уставните измени.

-Уставните промени треба да се поддржат, без разлика дали тоа ќе го направи оваа Влада или некоја идна, но уредничкиот колегиум е согласен сегашната идеја да се поддржи, кажа Јовановиќ.

Според него, можеби тие како услов се издејствувани со присила, но ние немаме друг пат и алтернатива.

-По сите параметри, дали станува збор за стандардот, економијата, безбедноста, стабилноста и друго Европската Унија е најпросперитетното општество и ние тежнееме да станеме дел од тој клуб. Има одредени горки пилули, но и од нив не сфаќам зошто се направи голема фама. Што ако им се дадат права на одредена национална заедница? Внесувањето на било која нација нема да ги намали правата на другите нации во Македонија и затоа е неопходно ова да се направи, рече Јовановиќ.

На прашањето зошто опозицијата се однесува тврдоглаво во овој процес Јовановиќ одговори дека можеби станува збор за политичка неукост и како што вели, неможност да се видат случувањата зад планината во регионот, а потоа и во светот. Јовановиќ вели дека сме доведени во ситуација да самите себе сме си најголем непријател.

Треба да знаете
Последни објави