Продукцијата Банана филм Скопје сеуште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“.
Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм на РСМ.
Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје.
Управниот одбор на Агенцијата за филм и Агенцијата за филм на РСМ категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје.