Демократската унија за интеграција остро реагира на шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го
предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата.
Неодамнешната одлука на општина Бутел да ги оспори само албанските имиња на улиците на оваа мултиетничка општина во Скопје е уште една провокација која заслужува остра осуда од сите.
Меѓуетничкиот соживот, функционалната мултиетничка демократија се основните вредности на нашата заедничка држава и само политичките кусогледи и противниците на европската иднина можат да сметаат дека оспорувањето на овие вредности за изборни или националистички цели
може да помине и да даде некакви резултати за нив.Демократската унија за интеграција останува да биде чувар и главен промотор на соживотот, толеранцијата и можноста за слободно изразување на идентитетот и културните вредности на сите заедници во државата.
Предизвикувачите на овие вредности ќе останат во темниот дел на историјата на оваа земја