Во организација на скопските коњички клубови „Бравадос“ и „Илинден“ викендов на програмата се 2. коло од отвореното Државно првенство и воведното коло од македонскиот Куп во прескокнување пречки.
Програмата започнува в сабота со почеток во 8;30 часот на теренот на „Бравадос“ во Волково, крај Лепенец, се пет натпревари во рамки на Државното првенство во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м./ширина до 1.40 м.
В недела со почеток во 9 часот, на теренот на „Илинден“ на хиподромот во Маџари ќе се одржи 1. коло од Купот со шест натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,70 до 1,20 м./ширина 1,30 м.