Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата Само вистина посочи дека двете понуди кои на Ковачевски му беа презентирани на лидерската средба веќе не важат, бидејќи 4 недели владеачкото мнозинство и Ковачевски одби да се произнесе по нив и да кажат која е прифатлива. Тој посочи дека од сега преостанува само една единствена опција, а тоа се предвремени парламентарни избори.
-Двете опции кои што ги понудив на таа лидерска средба се на маса. До овој, до вашата емисија, се уште не слушнав одговор од страна на Ковачевски, која од двете опции ги прифаќа”- потенцираше Мицкоски и продолжи ” од денеска има само една опција на маса, а тоа е предвремени парламентарни избори”.
Со оваа понуда Ковачевски има можност самиот да се ослободи бидејќи му е тесно во чевлите кои ги носи. Тоа е јасната позиција која ВМРО-ДПМНЕ им ја нуди на власта.