Исплатени 224 милиони денари субвенции на 3.821 корисници за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарските култури предадени во преработувачките капацитети, до 3.821 корисник во износ од близу 224.4 милиони денари.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи.

Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури.

Треба да знаете
Последни објави