Лавров повикува на проширување на Советот за безбедност на ОН

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на проширување на Советот за безбедност на ОН за да им се дадат повеќе претставници на азиските, африканските и латиноамериканските земји и да се стави крај на, како што ја нарече, западната доминација во светот.

– Поголемиот дел од светот не сака да живее според западните правила, изјави денеска Лавров.

Тој ги повтори и обвинувањата на Москва дека Западот, особено САД, се обидува да ги спречи Русија и Кина да дејствуваат независно во мултиполарен свет.

Треба да знаете
Последни објави