Меси во Интер Мајами зема плата четири пати поголема од сите останати заедно

Дури 50 милиони долари е разликата во плата помеѓу Лео Меси и вториот најплатен играч на овој клуб од Флорида.

Со трансферот во Интер Мајами, Лионел Меси ќе заработува 54 милиони долари по сезона. Бројка што го катапултира – и тоа не е ништо ново – на првото место меѓу играчите со најголема плата во МЛС. Пред доаѓањето на Аргентинецот, највисока плата во американската лига беше онаа што ја добиваше Џердан Шаќири: 8,1 милиони долари по сезона.

Меси не само што е најплатен во МЛС, и воопшто на континентот Северна Америка, туку разликата помеѓу неговата и платата на неговите соиграчи е фрапантна. Така, Меси зема цели 50 милиони долари поголема плата од вториот најплатен играч на Интер Мајами, Хосеф Мартинес, инаку репрезентативец на Венецуела, чија плата изнесува 4 милиони долари.

Дури и да се соберат платите на сите играчи на клубот од Мајами, сумата нема да биде ни приближно колку она што го зема Меси. Вкупната плата на соиграчите на Меси изнесува 13,496 милиони долари, што не е ни половина колку онаа на Меси. Всушност, сите останати делат четвртина од платата на Меси.

Треба да знаете
Последни објави