Месечно и годишно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во мај таа изнесува 1,22%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити исто така бележи раст и изнесува 5,09%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/statistika_na_kamatni_stapki.nspx
Статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/МПИ-Кв-1-2023-1024x1024.png)
На 31.3.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.229 милиони евра (или 29,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2023 година е намален за 120 милиони евра, или за 2,7%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 63%.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/ННД-Кв-1-2023-1024x1024.jpg)
Во текот на првиот квартал од 2023 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 50 милиони евра и изнесува 8.101 милион евра, што претставува 57,1% од проектираниот БДП за 2023 година.
Прочитајте повеќе: https://www.nbrm.mk/soopstenija-nd-np-mip-ns_article-soopstenija-za-pecat-nd-np-mip-2023.nspx