Стејт департментoт: Одлуката на Косово за терористичките организации е донесена без координација со САД

Владата на Косово не ја донесе одлуката за прогласување на терористички организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ во координација со Соединетите Држави и другите меѓународни партнери, се вели во одговорот на Стејт департментот за „Радио Слободна Европа“.

„Оваа одлука требаше да биде координирана од најблиските меѓународни партнери на Косово, вклучително и оние кои имаат примарна одговорност да ја обезбедат стабилноста на Косово. Повторно го повикуваме Косово да се воздржи од еднострани чекори додека работиме со страните за решавање на актуелната криза“, се вели во одговорот на Стејт департментот за РСЕ.

Косовската влада вчера ги прогласи за терористички организации „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“, објаснувајќи дека претставуваат сериозна и директна закана за уставниот поредок и безбедноста на Косово.

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља синоќа изјави дека Приштина ја координирала одлуката со меѓународните партнери.

Треба да знаете
Последни објави