Столтенберг останува уште една година на функцијата, пропаднаа обидите да се најде нов секретар на НАТО

Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година, откако пропаднаа обидите да се најде негов наследник кој ќе ја добие поддршката од 31 членка на западната одбранбена алијанса, тврдат извори од НАТО.

Официјалната одлука за продолжување на договорот најверојатно ќе биде донесена следниот вторник на состанокот на постојаните претставници на земјите од НАТО во Брисел, дознава ДПА.

Столтенберг во последните неколку месеци неколку пати изјави дека не сака нов мандат. Но, според извори блиски до него, Норвежанецот сега сака да го продолжи мандатот поради „чувство на должност“.

Американските политичари постојано го фалат 64-годишникот за неговото лидерство од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Столтенберг направи „неверојатна работа“, рече американскиот претседател Џо Бајден во средината на јуни.

Треба да знаете
Последни објави