Уапсен поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ

Синоќа бил уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс.

Како што дознава „Макфакс“ во акцијата е приведен и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.

Треба да знаете
Последни објави