Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, е уапсен со својот син Џон утрово во Ница, јавуваат француските медиуми. Галтие и неговиот син се приведени во 9 часот наутро поради истрага за скандал со расна дискриминација додека Галтие беше на чело на Ница.
Двајцата ќе бидат држени под полициски надзор 24 часа и во тој период ќе дознаат дали ќе бидат пуштени или ќе бидат задржани во истражен затвор.
Во прашање е е-пошта во која Галтие беше обвинет од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние, дека бара црнците или муслиманите да не играат за Ница.
Галтие негираше дека тоа го побарал од Фурние, а започната е истрага. Неговиот телефонски број се прошири на социјалните мрежи и за еден ден добил повеќе од 5.000 закани.
Француските медиуми пишуваат дека најверојатната казна за Галтие, доколку се покажат точни наводите, е три години затвор и парична казна од 45.000 евра.