Француската влада најави распоредување оклопни возила на жандармеријата за да спречи немири

 Француската премиерка Елизабет Борн денеска најави дека на улиците ќе бидат распоредени оклопни возила на жандармеријата поради насилството во многу градови во Франција веќе три ноќи откако полицаец уби 17-годишно момче при сообраќајна контрола.

Ќе бидат распоредени и дополнителни мобилни сили, соопшти владата. Исто така, се вели дека големите настани што можат да претставуваат ризик за јавниот ред ќе бидат откажани во зависност од локалните ситуации.

Тие одлуки се дел од мерките усвоени денеска на кризниот министерски состанок на кој присуствуваше и претседателот Емануел Макрон. Тоа беше втор кризен состанок за два дена.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерот за дигитализација Жан-Ноел Баро вечерва во Париз ќе се сретнат со претставници на дигиталните платформи .

Состанокот ќе биде и можност да се побара „поддршка“ од платформи како Твитер, Снепчет и Тикток за да се идентификуваат корисниците на социјалните мрежи кои се вклучени во криминал, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

Треба да знаете
Последни објави