Учесниците на протестот „Србија против насилството“ денеска го блокираа автопатот „Е-75“ во Белград и кај Нови Сад.
Попладнево по 18:00 часот, демонстранти го блокираа автопатот кај Нови Сад. Возачите главно биле толерантни, но сепак дошло до помал инцидент, кога автомобил, опремен со „трепкачи“ какви што користи полицијата, се обидел да ја пробие блокадата и да помине.
Како што јави репортерот на „Н1“, возилото има дипломатски унгарски регистарски таблички, а возачот, откако бил спречен, им се заканил со прстот на демонстрантите, по што се вратил во рикверц и се упатил назад во правец на Белград.
На Твитер се објавени и снимки од инцидентот.