Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа од утре ќе биде слободен агент, откако не успеа да склучи договор за нова соработка со Манчестер јунајтед.
Тој цели 12 години е дел од клубот од „Олд Трафорд“, а ова лето долго преговараше за да остане, но раководството му понуди многу пониска плата од досегашната.
Медиумите на Островот открија дека Манчестер Јунајтед понудил 200.000 фунти неделно за нов договор, а тоа не е во плановите на Давид де Хеа, кој има понуди и од Саудиска Арабија.