Министерот за правда, Кренар Лога, на својот Фејсбук профил се пофали со неговиот личен извод од матичната книга на родени кој е двојазичен и е издаден на 27 месецов.
Лога останува на ставот дека упатството за задолжително изјаснување за националноста во матичните изводи не се коси со законите и дека се заснова на Законот за матична евиденција, според кој евиденцијата за националност веќе ја има во матичните книги.