РК Еурофарм Пелистер потврдија дека поранешниот ракометар на битолскиот клуб, Михаил Петровски е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2, заменувајќи го Александар Зарков, кој замина во Грција.
39-гоишниот Петровски работеше со пионерската екиипа на Пелистер, а во ракометната кариера покрај за Пелистер играше и за Констанца, Архус и Балатонфуреди.
На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.