Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар, доби куќен притвор, исто како уште еден осомничен во случајот „Феникс“, додека четворица добија затворски притвор од по 30 дена.
На излегување од Кривичниот суд Скопјењ, каде мина неколку часовниот распит кај судија на претходна постапка, поранешниот градоначалник на општина Центар, Тодоровиќ, не сакаше да коментира како ќе се брани, само кусо изјави во движење: Не се чувствувам виновен.