Откако доцна синоќа Фабрицио Романо објави дека трансферот на играчот на италијанскиот Интер Марсело Брозовиќ во редовите на Ал Наср во Саудиска Арабија е завршена работа и тој ќе стане најплатениот хрватски фудбалер, денеска приказната оди-неоди продолжи.
Работата запна помеѓу Интер и Ал Наср, откако во последен момент Саудијците ги промениле условите за исплата на отштетата за калчолигашот. „Нероаѕурите“ од овој трансфер требаше да инкасираат 23 милиони евра и првично немаше никаков проблем. Но, откако Саудиците ги договориле деталите со Брозовиќ кој за тригодишен престој во Ал Наср требаше да има заработка од околу 100 милиони евра, испратиле понуда за Интер од 15 милиони евра фиксно и 13 преку бонуси.
Интер веднаш го стопирал трансферот и засега тоа се последните информации.
Во меѓувреме Брозовиќ објави фотографија од плажа, која ги збуни сите !