Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ

Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак.

– Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции, изјави Черниак.

Тој додаде дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ ја разоткри слабоста на рускиот претседател Владимир Путин и ги охрабри руските елити да се борат меѓу себе за моќ.

Медиумите, исто така, сугерираат дека бунтот предизвикал тензии меѓу политичкото и военото раководство на Русија.

Си-ен-ен претходно соопшти дека одредени личности меѓу руските разузнавачи и воениот персонал можеби биле предупредени за бунтот и одлучиле да не се мешаат. 

Треба да знаете
Последни објави