Хаос во Брисел: настанаа улични немири, граѓаните повикуваат на демонстрации како во Франција, приведени 10 лица

Полицијата во Брисел приведе 10 лица по улични немири кои избија во четвртокот вечерта.

Во текот на рацијата, полицијата трагала по сомнителни млади луѓе и им ги побарала баклите. Повеќето од приведените се ослободени по проверка на нивните документи.

Запалени се неколку автомобили, а како што кажа портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, повиците да се излезе на улица „како во Франција“ кружеа во текот на денот.

Метро станицата Анисен е затворена поради граѓански немири поврзани со полициското убиство на 17-годишник во Франција.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“.

Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.

Во Франција избија немири откако полицијата уби 17-годишен тинејџер во париското предградие Нантер.

Треба да знаете
Последни објави