Ужас во Хрватска: активирал рачна бомба и ја убил сопругата и себе

Синоќа околу 23 часот и 40 минути, во стан во Бисаго, 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себеси, објави полицијата во Вараждин.

Истрагата на местото на настанот ја вршел заменикот на жупанискиот државен правобранител во Вараждин со стручна помош на полициски службеници.

Телата на починатите по наредба на заменик жупанискиот државен правобранител се пренесени во Одделот за патологија на Општата болница во Вараждин, каде што ќе биде извршена обдукција, објави Вечерњи лист.

Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности на ова кривично дело.

Треба да знаете
Последни објави