Верстапен ќе стартува од пол-позиција на спринтот во Австрија

Лидерот во генералниот пласман на Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата во спринтот за Големата награда на Австрија. Тој го заврши квалификацискиот спринт на Ред Бул Ринг во Спилберг со време од 1:04.440 и беше за 0.493 секунди побрз од неговиот тимски колега, Серхио Перез.

Ландо Норис од Мекларен ќе стартува трет во спринтот, во ист ред со Нико Хулкенберг од Хас , додека Карлос Саинц и Шарл Леклер од Ферари ќе се редат зад нив.

Верстапен ја обезбеди и најдобрата стартна позиција на квалификациите за ГН на Австрија кои се одржаа вчера, бидејќи попладнево од 16:30 часот на програмата е спринт трката.

Водечкиот во генералниот пласман успеа за само 48 илјадинки да го надмина ланскиот победник на Големата награда на Австрија, Шарл Леклер (Ферари), со кого ќе го дели местото во првиот стартен ред, додека од вториот ќе тргнат Карлос Саинц (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен).

Треба да знаете
Последни објави