Речиси 45 илјади полицајци и жандарми вечерва повторно ќе бидат мобилизирани во Франција за да се справат со нередите што ја потресоа земјата по убиството на млад човек од полицаец за време на сообраќаен прекин во вторникот во предградие на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.
Министерот додаде дека во Марсеј и Лион, главните градови погодени од синоќешните нереди, присуството на полицијата ќе биде „значително“ зголемено.
Освен припадници на елитната единица пристигнаа и оклопни возила и два хеликоптери на жандармеријата, се наведува во соопштението.
Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека жителите на Марсеј ги чека уште една ноќ на конфликт.
Premières tensions à Marseille entre les forces de l’ordre et les émeutiers. #Marseille #Nahel #Emeute
— 24 News (@ne24ws) July 1, 2023
pic.twitter.com/RJL7EZtJ2M
Видеата што кружат на „Снепчет“ покажуваат дека продавачите на Rue Saint-Ferréol, една од главните трговски области во градот, ги покриваат своите излози со големи дрвени панели. Улицата е на само седум минути пешачење од трговскиот центар Бурс, каде што „Би-Би-Си“ претходно потврди дека имало судири меѓу демонстрантите и полицијата.
На едно видео, може да се види човек како користи дупчалка за да прицврсти голем дрвен панел на предната страна на неговата продавница, додека другите бизниси во областа, вклучително и продавницата на Д-р Мартенс, веќе беа обезбедени.
На друго место, видео покажува тешко вооружени полициски сили како шетаат по блиската улица. ,На второто видео се гледа како голема колона полициски возила влегува во градот.
FRANCE – Marseille. It starts again.
— Bernie's Tweets (@BernieSpofforth) July 1, 2023
Residents cowering in their homes as their livelihoods are destroyed by those who would bring it all crashing down.
They were welcomed and are now the aggressors.
pic.twitter.com/fe52tJU260
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат групи полицајци во опрема за немири, некои носат штитови, се движат низ центарот на градот и во некои случаи трчаат.
Како што објави „Би-би-си“ полицијата исфрли солзавец, додека демнстрантите фрлаат камења.
„Би-Би-Си“ наведува и дека барем на едно видео може да се забележат демонстранти како пукаат некој вид проектил кон полицајците.
Анализата на снимките сугерира дека тие се снимени во последните неколку часа, пишува Би-Би-Си.