ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти.

Внукот на Али Ахмети, Дрин, на само 25 години, без вложен денар се стекна со 39% од луксузниот деловен центар „Соравиа”.

Никој во светот не отстапува некому 39% за џабе, сите знаат зошто Дрин Ахмети добива без пари 39% од „Соравиа”.

Дрин Ахмети со друга своја фирма поседува и каменолом во Кичево, а со трета фирма концесија за мала хидроцентрала за чија изградба се потребни 1.2 милиони евра.

И додека Али Ахмети е лидер на ДУИ и пратеник, внукот на Ахмети влегува во мултимилионски бизниси, а институциите не смеат да преземат ништо.

Криминалците од ДУИ мора да одговараат. Одговорност ќе има.

Треба да знаете
Последни објави