Загина кратовец, се истумбал со „голф“

На 30.06.2023 во 14.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Кетеново-кратовско патничко моторно возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од с.Туралево-кратовско, излетало од патот.

На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Треба да знаете
Последни објави