Албанскиот премиер Еди Рама за Еуроњуз Албанија изјави дека не може да го разбере Албин Курти во ситуацијата создадена со Косово во однос на меѓународната заедница.
Тој рече дека француско-германскиот план не може да остане таму засекогаш и дека премиерот на Косово не може сам да ја добие оваа дипломатска битка како Дон Кихот.
– Албин е личност која ја ценам, пријател што го почитувам, но во овој случај тој е премиер на Косово кого не го разбирам, рече Рама, нагласувајќи дека се работи за интерес на албанската нација и неговиот став многу демократски.
Според него, Курти, Владата на Косово, полицијата и сите авторитети мора да работат напорно за да успеат да го направат големиот чекор за конечно ослободување од сенката на непризнавањето и пред се да успеат да ги нормализираат односите со Србија.
– Откако стигна до оваа точка, ставајќи ја Србија во тесен квадрат, евроатлантската заедница не може ниту да го разбере, ниту да го оправда, ниту да го толерира однесувањето на косовските власти и пристапот на премиерот Албин, што е однесување како евроатланската заедница да не постои, како да бевме којзнае колку години претходно и да не се случил целиот овој процес, рече тој.
Додава дека не може да разбере зошто косовските власти се против.
– Во време кога ја имаме целата евроатлантска заедница подготвена да ја притисне Србија, конечно да прифати, ако не и формално признавање, да прифати де факто откажување од Косово и отворање на патот за признавање на Косово од сите останати што тогаш ќе доведе до формално признавање од Србија, необјасниво е што бараат косовските власти кои се против овој процес, рече Рама.
Според него, оваа пречка на патот на процесот несвесно ја помага играта на Кремљ.