Шпанскиот премиер Педро Санчез вети 55 милиони евра (60,1 милиони долари) нова помош за Украина за време на неговата денешна посета на Киев, јави ДПА.
-Средствата се наменети за финансирање на малите и средни претпријатија во Украина, рече Санчез за време на неговото обраќање во украинскиот Парламент.
Тој додаде дека ЕУ ќе и помага на Украина „се додека е потребно“ и „без разлика на цената што треба да се плати“.
-Европа е отворена за оние кои се стремат кон тоа, рече тој, поддржувајќи ги аспирациите на Киев за членство во ЕУ.
Говорот во Парламентот не беше пренесуван во живо од безбедносни причини.