Фејсбук статус на Оливер Спасовски
„Денеска започнува шестмесечното претседавање на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ – нови можности за продлабочување на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.
Како МВР ги отпочнавме подготовките за организација на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 26-27.10.2023 година.
На овој министерски форум ќе бидеме домаќини на собир на министри за правда и внатрешни работи на државите од Западен Балкан, министри за правда и внатрешни работи на државите на Европската Унија кои го претставуваат актуелното (Шпанија) и наредните две држави претседавачи (Белгија и Унгарија), потоа европските комесари кои се надлежни за внатрешни работи и правда, директорите на Европските агенции – Европол, Фронтекс и Европравда, како и останати високи претставници на меѓународните организации од областа на правда и внатрешни работи.
По дадената доверба од ИНТЕРПОЛ за организација на Европската регионална конференција, ова е уште едно признание за МВР, за Република Северна Македонија, за етаблираноста на меѓународно ниво, за лидерството во регионот во однос на безбедносните прашања, како и за посветеноста кон исполнувањето на обврските од преговорите со ЕУ.
Воедно, благодарност до Кралството Шведска, за партнерството изминатите 6 месеци во стартот на преговорите на нашата држава со ЕУ.