Везенков во Сакременто за 20 милиони за три сезони

Феноменалната сезона во дресот на Олимпијакос Саша Везенков ја плати со договор во НБА лигата.

Како што пренесува Адријан Војнаровски, бугарскиот кошаркар ја прифатил понудата на Сакраменто и ќе потпише тригодишен договор вреден 20 милиони долари.

Во 2017 година Везенков беше избран за 57. пик од Бруклин, а од лани право на него доби Сакраменто.

Кога тренерот на „кралевите“, Мајк Браун, на крајот на минатата сезона во живо го гледаше Везенков на фајналфорот на Евролигата во Каунас (Олимпијакос во финалето загуби од Реал Мадрид), беше јасно дека Сакраменто планира да го ангажира.
Везенков беше МВП на регуларниот дел од сезоната 2022/23. во Евролигата.

Олимпијакос сега бара замена на позицијата четири, се верува дека Никола Миротиќ би можел да пристигне во Пиреја по раскинувањето на договорот со Барселона.

Треба да знаете
Последни објави