Хрватскиот фудбалски интернационалец Јошко Гвардиол ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на најважната споредна работа на светот, откако ќе премине во редовите на актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити за сума од 100 милиони евра.
Досегашниот клуб на Гвардиол, германскиот Бундеслигаш, Ред Бул Лајпциг потврди дека постигнале договор со „граѓаните“ Хрватот во новата сезона ќе биде дел од клубот од „Етихад“.
Младиот 21-годишен хрватски стопер се најде во фокусот на фудбалската јавмнсот за време на СП 2022 со неговите добри партии, а во исто темпо играше и во Лигата на шампионите. Пред Лајцпиг, Гвардиол беше дел од Динамо Загреб.