(Видео)Британец кој се обидел да отвори врата на авион на лет од Задар завршил во притвор

Вистинска драма се одвивала во петокот во преполн авион на Рајанер од Задар. Млад човек од Велика Британија насилно се обиде да ја отвори авионската врата на аеродромот во Задар, поради што завршил во притвор.

Хрватската полиција го сомничи младиот човек (27) дека извршил кривично дело напад на службено лице и нарушување на јавниот ред и мир, поради што е уапсен. По распитот во полиција, туристот во саботата бил изведен пред судот. Полицијата наведува дека Британецот цело време пружал активен отпор, поради што против него биле употребени и присилни мерки. Поради расеаната состојба на крајот бил пренесен во болница, а хрватските медиуми јавуваат дека физички нападнал полицајци и се обидел да се повреди во службеното возило и во болницата.

Една корисничка на Тикток објави видео од однесувањето на млад Британец кој, како што тврди, бил под влијание на опијати и се обидел да ја отвори вратата на авионот.

Кога се залетал кон вратата, две момчиња физички го совладале и го собориле на подот.

Повеќето патници на тој лет се враќале од Хајдаут фестивалот на Зрќе, јавуваат хрватските медиуми.

Видеото може да го погледнете тука.

Треба да знаете
Последни објави