Егзум од Партизан се сели во НБА-лига!

Данте Егзум во следната сезона ќе игра во НБА, по фантастичната сезона со Партизан, австралијанскиот кошаркар потпиша за Далас, ќе му биде соиграч на Лука Дончиќ.

Миленикот на навивачите на Партизан, Данте Егзум од Партизан се сели во Далас. Оваа вест ја лансираше Адриан Војнаровски кој е најпознат НБА информатор. За овој трансфер тој добил потврда од агентот на Егзум, Брендон Розентал.

Егзум добил едногодишен договор според кој ќе заработи 2,7 милиони долари.

За него ова ќе биде враќање во НБА, Егзум кариерата ја почна во Јута Џез, играше и за Кливленд пред да се пресели во Европа каде го носеше дресот на Барселона и Партизан.

Треба да знаете
Последни објави