Шобошлаи е ново засилување на Ливерпул!

Ливерпул го потврдија своето второ засилување во летниот преоден рок, комплетирајќи го трансферот на Унгарецот Доминик Шобошлаи од РБ Лајпциг, кој пристигнува како дел од „револуцијата“ во средината на теренот на тимот на Јирген Клоп покрај Алексис Мекалистер кој пристигна од Брајтон.

Шобошлаи (22г) пристигнува на „Енфилд“ по две и пол години поминати во Бундеслигата. „Црвените“ платија 70 милиони евра за да ја активираат неговата откупна клаузула.

„Ужував последните три-четири дена тука во Ливерпул, каде што се запознав со луѓето. Ливерпул е историски клуб со добри играчи, добар тренер и добар стадион. За мене ова претставува одличен следен чекор во кариерата“, вели Унгарецот.

Шобошлаи произлезе од системот на развој на фудбалереи на Ред бул, почнувајќи со Ред бул Салцбург во Австрија, за кои играше од 2017/18, пред во јануари 2021 да го направи трансферот во сестринскиот клуб, РБ Лајпциг, со кои освои две титули од Германскиот куп во 2022 и 2023.

Треба да знаете
Последни објави