Баерн Минхен ќе испрати нова понуда за Хари Кејн

Раководството на Баерн Минхен оваа недела планира да упати втора понуда до Тотенхем за Хари Кејн. На 27 јуни германскиот првак ја испрати својата прва официјална понуда која беше вредна 60 милиони фунти, плус бонуси. Сепак, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, веднаш изјави дека неговата голема ѕвезда не е на продажба.

Новата понуда на Баварците ќе биде многу подобра и ќе вреди околу 80 милиони фунти, плус бонуси. На „Алијанц арена“ веруваат дека оваа понуда ќе биде доволна за успешно финализирање на трансферот.

Двата клуба се во директен контакт, а напаѓачот веќе изрази желба да се пресели во Баерн Минхен.

Треба да знаете
Последни објави