Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, Александар Секулиќ, го објави поширокиот список од 20 играчи на кои смета за подготовките за Светското првенство годинава во Јапонија, Индонезија и Филипините.
На списокот го нема поранешниот капитен Горан Драгиќ кој реши да стави крај на репрезентативната кариера, ниту пак повредениот Едо Муриќ. Но, тука е Лука Дончиќ.
На списокот се наоѓаат следните кошаркари: Јака Блажиќ, Саша Циани, Влатко Чанчар, Јакоб Чебашек, Жига Димец, Лука Дончиќ, Зоран Драгиќ, Грегор Глас, Грегор Хорват, Урбан Клавжар, Аљаж Кунц, Миха Лапорник, Јуриј Мацура, Никола Морпелиќ, Блаж Махкови, Клемен Препелиќ, Жига Самар и Мајк Тоби.
Светското првенство е закажано од 25 август до 10 септември, а Словенија во првата фаза ќе игра во групата Ф со Грузија, Венецуела и со Зеленортските Острови.