Кристијано Роналдо, ѕвездата на „Ал Наср“, предизвикува вознемиреност кај идните соседи поради долготрајните градежни работи на неговата импресивна палата во близина на Лисабон
Според португалски медиуми, изградбата на хациендата со големина на болница доцни една година, а идните соседи на фудбалската суперѕвезда се гневни, не го сакаат ниту него ниту неговата партнерка.
Како што објави магазинот Look, Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги налутиле соседите со обемните градежни работи на имотот вреден 28 милиони фунти, кои траат повеќе од три години и ќе траат уште најмалку 12 месеци.
Гневот, наводно, се зголемил откако дознале дека изградбата не е завршена. Улицата веќе долго време е затворена, а најмногу им пречи прашината.
Видео од минатиот месец покажува дека има уште многу работа на куќата – која локалното население омаловажувано ја нарекува „пирамида на фараонот Роналдо“. Кога било снимено видеото, објектот потсетувал на градилиште.
Поради популарноста на Роналдо, неколку медиуми и јутјубери креираа содржина за куќата, што значи дека нејзината локација ѝ е позната на португалската јавност.
Се предвидува дека, кога ќе се повлече од фудбалот, Роналдо и неговото семејство ќе го поминуваат времето помеѓу Мадрид – домот на неговиот поранешен клуб „Реал Мадрид“ – и во близина на брегот во Лисабон.
Но, се разбира дека соседите се заситени од тековниот проект, некои велат: „Тие градат три години. Куќата е толку голема што изгледа како болница.“
„Мојата улица е затворена со месеци, мојата градина е полна со прашина. Се поради пирамидата на фараонот Роналдо.“
Во меѓувреме, трошоците растат. Проектот првично се очекуваше да чини 10 милиони фунти, пред цената накнадно да се зголеми на 17 милиони фунти, а сега на 28 милиони фунти.
Зградата на голф-клуб во близина на куќата морала да се пресели, што е еден фактор зад зголемените трошоци. Роналдо се обидел да го купи голф теренот за да осигура поголема безбедност и интимност, но неговата понуда била одбиена.
Импресивната палата ќе има огромен стаклен базен со подводна патека. 38-годишникот сака главна спална соба со големина од 1.000 квадратни метри. Според познавачите, ова е најскапиот имот во Португалија.
Соседите, исто така, наводно се загрижени дека имотот ќе има поглед во нивните градини, а постојат сомнежи дали Роналдо, кој сега игра во Саудиска Арабија, воопшто некогаш ќе се всели.