Легендарниот Стивен Џерард ја прифати понудата од Саудиска Арабија за да биде тренер на Ал Етифак, каде што игра македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни постигнале договор, по што екипата го промовира Џерард како нов стратег.
Џерард беше без работа од ноември минатата година, откако доби отказ од Астон Вила.