Во текот на месец јуни 2023 година беа спроведени засилени акциски контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1655 возачи. Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 389 возеле без возачка дозвола, 49 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.