Во липковско приведени две лица кај кои се откриени фалсификувани евра

На 03.07.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско,  ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари.
Имено, при контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра.

Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави