Хуманитарните агенции на ОН со загриженост од обемот на нападот во Џенин и барање Израел да гарантира хуманитарен пристап

Агенциите за хуманитарна помош на ОН денеска изразија загриженост за обемот на тековната операција во градот Џенин на Западниот брег, каде што беа убиени десет Палестинци и рекоа дека има ограничувања за пристапот на медицинските тимови.

„Вознемирени сме од обемот на воздушните и копнените операции во Џенин на окупираниот Западен Брег и воздушните напади насочени кон густо населениот бегалски камп“, рече Ванеса Хугенин, портпаролка на хуманитарната канцеларија на ОН.

Таа истакна дека меѓу убиените има и три деца, без да наведе детали.

„Тимовите за помош беа спречени да влезат во бегалскиот камп, вклучително и да дојдат до тешко повредените лица“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, зборувајќи за ограничувањата наметнати од израелските сили.

Хуманитарните групи го повикаа Израел да гарантира хуманитарен пристап. 

Треба да знаете
Последни објави