Ден на независноста на САД – паради и огномети

Американски празник во сржта, 4 јули веднаш асоцира на паради, скари и обилна трпеза, ладно пиво и секако огномети.

Иако огнометите и петардите се забавна практика, тие прават празникот да биде опасен. Според некои процени, поради опасните огномети повеќе од десет илјади луѓе се принудени да одат во одделенијата за итна помош.

Иако огнометите се главен дел од Денот на независноста, за да се разбере суштината на овој празник мора да се навратиме на настаните од историјата пред 247 години.

Вториот Континентален конгрес на 4 јули 1776 година едногласно ја усвоил Декларацијата за независност, со што се објави отцепување на северноамериканските колонии од Велика Британија.

Една година подоцна, првата годишнина од американската независност била одбележана со спонтани празнувања, укажуваат податоци од Бибилиотека на Конгресот. Сепак, празникот станал традиција дури после војната во 1812 година, откако земјата започнала да се развива.

Со одминувањето на годините, празникот добивал на популарност.

Библиотеката на Конгресот истакнува дека основните историски настани од 19 век кои биле во чест на 4 јули се церемониите за ставање камен темелник на каналот Ери и железницата „Балтимор и Охајо“.

Пиротехничкото шоу бил важен дел од празнувањето на Денот на независноста уште од самиот почеток. Ова го предвиде Џон Адамс, еден од основачите на САД.

Во писмо до својата жена Ебигејл датирано 3 јули 1776 година, Адамс напиша дека Денот на независноста на Америка „треба да се одбележува со помпа и паради, претстави, игри, спортски натпревари, оружени плотуни, ѕвона, логорски огнови и илуминации од едниот крај на овој континент до другиот – од овој момент и засекогаш“.

Притоа Адамс бил единствен претседател на САД кој се откажал роденденот на земјата да го слави на 4 јули. Затоа што тој сметал дека 2 јули 1776 година е вистинскиот Ден на независноста, поради тоа што имено на тој ден Континенталниот конгрес изгласа резолуција за независноста, иако Декларацијата за независноста била усвоена два дена подоцна.

Адамс бил толку убеден во тоа што не ги прифаќал поканите за празникот и другите настани, иако бил вториот претседател на САД. По иронија на судбината Адамс и Томас Џеферсон, основниот автор на Декларацијата, починале на 50 годишнината од официјалното усвојување на документот – 4 јули 1826 година.

Според Американската пиротехничка асоцијација, американските потрошувачи во 2000 година за огномети потрошиле 407 милиони долари. Кон 2022 година таа бројка пораснала до 2.3 милијарди долари.

-Луѓето започнуваат да купуваат петарди и огномети уште од Денот на помнењето (крај на мај) и едноставно не запираат, изјавија од асоцијацијата. Оттаму укажаа дека во пандемската 2020 година Американците пуштале огномети цела година.-Тоа едноставно беше потрес за нашата индустрија.

Од асоцијацијата очекуваат продажбите годинава да пораснат на уште 100 милиони долари. Кон ова се придодаде и тоа дека годинава 4 јули паѓа во вторник, така што излегува четиридневен викенд на прослави.

Во Белата куќа пак, претседателот Џо Бајден и првата дама Џил денеска одржуваат настан со Националното здружение за образование, а потоа ќе ги угостат воените семејства на скара.

Предвидено е Бајден да одржи говор во вечерните часови за да го одбележи празникот со воените ветерани и нивните семејства. 

Треба да знаете
Последни објави