Дрин Ахмети испратил писма до ЈО, УЈП, Финансиска полиција и ОЈО ГОК бара детална истрага

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети испратил писма до надлежните институции во кои бара тие да спроведат детална истрага за неговите фирми. Компанијата на Дрин Ахмети ТОР Индустри и албанската Па-Вла-Ку го превземаат трговскиот центар Соравија. Ахмети им пишал на Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи, Управата за финансиска полиција и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој ги обвини медиумите дека направиле медиумска врева против него и неосновано го поврзале со политиката.

„Обвинувањата и клеветите на опозицијата ги хранат граѓаните со омраза и злоба, јас и мојата компанија ги повикуваме државните институции да го истражат предметот кој може да се верификува преку архивските броеви“, пишува на Фејсбук Ахмети.

Во писмата упатени до надлежните институции Ахмети пишува:

„По повод информациите инезени во јавните електронски и печатени медиуми, како и преку интернет порталите, а во врска со стекнување на удел од страна на ТХОР Индустриес ДООЕЛ Скопје и Пе-вла-ку ШКП Тирана во Соравија инвест ДООЕЛ Скопје и Соравија Менаџмент ДООЕЛ Скопје, кои информации преку невистинито и лажно претставување на факти создадоа состојба на сомнеж кај пошироката јавност и обвинување за одредено незаконско постапување од страна на ТХОР Индустриес ДООЕЛ Скопје и Пе-вла-ку ШКП Тирана, со цел разобличување на невистинитите информации и утврдување на фактите, Ве повикуваме во рамките на законските овластувања да извршите испитување на документацијата, дејствијата и трансакциите кои се создадени и направени во врска со стекнувањето на уделите од страна на ТХОР Индустриес ДООЕЛ Скопје и Пе-вла-ку ШКП Тирана во Соравија инвест ДООЕЛ Скопје и Соравија Менаџмент ДООЕЛ Скопје“.

Ахмети доидава дека за таа цел се подготвени да ги презентираат сите документи и да ги приложат сите докази и појаснувања кои ќе бидат побарани од нив.

Ахмети дури ги охрабрува надлежните институции наодите од нивното постапување транспарентно и јавно да ги објават.

Треба да знаете
Последни објави