Русија нема да биде организатор на завршниот турнир од Европското ракометно првенство за жени во 2026 година. Вака одлучи Извршниот комитет при Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради отпочнатата војна во Украина.
Во ноември 2021 година Русија ја доби организацијата на Европското првенство во женска конкуренција, но поради агресијата кон Украина сега е донесена одлука да ѝ се одземе.
Во наредниот период ЕХФ ќе бара нов домаќин за одржување на големото натпреварување на кое ќе настапат 24 репрезентации.